24 ноември
Изглед
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
24 ноември — 328-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (329-и во престапна година). Остануваат 37 денови до крајот на годината.
Настани:
1859 | Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден. |
1936 | Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџурија, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“. |
1944 | Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ. |
1986 | Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година. |
1994 | Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација. |
Родени:
Починале:
1870 | Лотреамон — француски поет. |
1985 | Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
1985 | Биг Џо Тарнер — американски блуз-пејач. |
1989 | Благоја Нешковски — истакнат македонски режисер и писател. |