Од Википедија — слободната енциклопедија
Говорното подрачје на фалечкиот во Германија
Фалечкиот (Pfälzisch/Pälzisch или Pfaelzisch/Paelzisch ) — западнофранконски дијалект на германскиот јазик што се говори во долината на Рајна , во подрачјето помеѓу градовите Цвајбрикен , Кајзерслаутерн , Алцај , Вормс , Лудвигсхафен , Манхајм , Хајделберг , Шпајер , Ландау , Верт на Рајна и границата регионот Алзас во Франција . Постојат говорници и вон ова подрачје. Пенсилванискиот германски потекнува главно од фалечките дијалекти на населението што се преселило во Северна Америка од XVII до XIX век. Многу елементи на ова наречје се застапени и во говорот на Дунавските Шваби во Хрватска и Војводина .
Дијалектот може да се подели на две групи: западнофалечки (Westpfälzisch ) и источнофалечки (Vorderpfälzisch ). Некои примери за разликите помеѓу горногерманскиот и фалечкиот говор се:
Источнофалечки
Западнофалечки
Горногермански
Македонски
Mais
Mais
Mäuse
глувци
Lais
Lais
Läuse
вошки
Grumbeea
Grumbeer
Kartoffel
компир
Schnoog(e)
Stechmigg
Mücke
комарец
Bääm
Bääm
Bäume
дрва
Schdää
Schdää
Stein
камен
soi
sei
sein
негов
unsa
unser
unsere
наш
ned/nid
net
nicht
не
dowedder/dwedda
degeche
dagegen
против
Fusch
Fisch
Fisch
риба
ebbes
ebbes
etwas
нешто
Ärwedd
Arwett
Arbeit
работа
Doa
Dor
Tor
порта
Abbel
Abbel
Apfel
јаболко
hawwe
hänn
haben
има