Словенски јазици — Википедија Прејди на содржината

Словенски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Словенски јазици
Народност:Словени
Географска
распространетост:
Низ Средна Европа, Источна Европа, Југоисточна Европа, Североисточна Европа, Северна Азија и Средна Азија.
Класификација:индоевропски
Прајазик:Прасловенски јазик
Гранки:
ISO 639-5:sla

Словенските јазици — една од најголемите групи на индоевропски јазици. Најмногу се зборуваат во Европа, но исто така и во Северна Азија, односно во азискиот дел од територијата на Руската Федерација.

Класификација

[уреди | уреди извор]
Јазично стебло на словенските јазици.

Словенските јазици се делат на неколку главни групи:

Симбол:

† - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови.

Акцентот во словенските јазици може многу да варира помеѓу различните јазици, па дури и меѓу дијалектите во еден јазик. Секој словенски јазик има свој уникатен акцент кој може значително да влијае на изговорот и значењето на зборовите.

Во источнословенските јазици акцентот е слободен и може да се најде на било кој слог од зборот. Ист е случајот и со јужнословенските јазици, со исклучок на македонскиот каде акцентот е определен и секогаш се паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Во западнословенските јазици акцентот е исто така определен, и се паѓа на вториот слог од крајот на зборот (во полскиот јазик) и на првиот слог од зборот (во чешкиот и словачкиот јазик).

Акцентот во словенските јазици[1]
Акцент Јазици
Слободен руски, украински, белоруски, српски, хрватски, словенечки, бугарски
Определен на вториот слог од крајот на зборот полски
на третиот слог од крајот на зборот македонски
на првиот слог од зборот чешки, словачки
Асеманиево евангелие (11 век)

Многу азбуки биле користени едно или друго време за пишување на словенските јазици. Најчесто користени се глаголицата, кирилицата и латиницата; спорадично биле користени и грчката, арапската, па дури и хебрејската азбука.

Приближната дистрибуција по локација и период е приближно следнава:[2]

  • Глаголица – Моравија (9 век); Македонија (9 – 11 век); Бугарија (9 – 12 век); Хрватска (10 – 16 век), потоа во црковна употреба до 19 век, и спорадично во 20 век; Словенија (15 – 16 век); Бохемија и Полска (14 – 16 век);
  • Кирилица – Бугарија (9 век – денес); целиот источнословенски простор (Русија, Украина, Белорусија), Македонија, Србија, Босна и Црна Гора (10 век – денес);
  • Латиница – западнословенската област (10 век – денес); Хрватска и Словенија (10 век – денес); Србија (но секогаш споредна на кирилицата), исто така Босна, истиот период; Белорусија и дел од Украина (16 – 20 век);
  • Грчка азбука – Македонија, особено во егејскиот дел (15 – 19 век);
  • Арабица – Белорусија (16 – 18 век); Босна (15 – 20 век);
  • Хебрејска азбука – Белорусија (16 – 18 век).

Општо земено, отсекогаш постоела тесна корелација помеѓу азбуката и религијата, иако не секогаш таа морала да биде причинско-последична.

  1. Šipka & Browne 2024, стр. 10.
  2. Comrie & Corbett 2003, стр. 20.
  • Šipka, Danko; Browne, Wayles, уред. (2024). The Cambridge Handbook of Slavic Linguistics. Cambridge University Press. ISBN 9781108967907.
  • Comrie, Bernard; Corbett, Greville, уред. (2003). The Slavonic Languages. Taylor & Francis. ISBN 9781136861376.