Словенечки јазик — Википедија Прејди на содржината

Словенечки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Словенечки јазик
slovenščina
Застапен воСловенија, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска и меѓу емигрантски групи во разни земји
ПодрачјеСредна Европа, Америка, Австралија
Говорници2,2 милиони  
Јазично семејство
Индоевропско
ПисмоСловенечка латиница
Статус
Службен во Словенија
 Европска Унија
Регионален или локален службен јазик во: Австрија, Унгарија, Италија
Регулативен органСловенечка академија на науките и уметностите
Јазични кодови
ISO 639-1sl
ISO 639-2slv
ISO 639-3slv
Местата каде што се зборува словенечки.

Словенечкиот јазик или, често погрешно нарекуван и само словенски (словенечки: slovenski jezik или slovenščina) е еден од словенските јазици. Го говорат приближно 2 милиони говорници ширум светот, од кои повеќето живеат во Словенија. Тој е еден од малкуте јазици што ја зачувале двоината од праиндоевропскиот јазик. Неговата граматика е доста сложена и големиот број на именувани дијалекти спореден со бројот на говорници индицира на големи варијации во јазикот.

Историја

[уреди | уреди извор]
Брижинските споменици, датирани од крајот на 10ти или почетокот на 11ти век, се сметаат за најстар ракопис на словенечки јазик.

Како и сите словенски јазици, словенечкиот има корени од истата прасловенска група на јазици од кои е произлезен старословенскиот јазик. Најраните познати примери на засебен, пишан дијалект поврзан со словенечкиот се од Брижинските споменици, познати на словенечки како Brižinski spomeniki. Консензуална проценка за нивниот датум на настанување е помеѓу 972 и 1039 (најверојатно пред 1000 година). Овие верски списи се помеѓу најстарите преживеани ракописи на било кој словенски јазик.

Брижинските споменици се запис на прасловенечкиот јазик кој се зборувал на една поширока теритоија од денешниот словенечки, во која спаѓала и територијата на денешните австриски држави Корушка и Штаерска.[1]

До 15ти век, повеќето од северните територии постепено биле германизирани: северната граница на која се зборувал словенечкиот јазик се стабилизирала долж линијата од Клагенфурт на север до Филах на југ и Хермагор на исток во Корушка, додека во Штаерска била скоро идентична со денешната Австриско-Словенечка граница.

Лингвистичката граница останала скоро непроменета до доцниот 19ти век, кога се случил втор процес на германизација, воглавно во Корушка. Помеѓу 9ти и 12ти век, прасловенечкиот јазик се проширил и во северна Истра и во подрачјето околу Трст.

Стандардизација

[уреди | уреди извор]

Во првите децении на 19 век постојат три варијанти на писмениот јазик. Пред сè ја имаме основната варијанта, која го продолжува јазикот на писателите од времето на Реформацијата и ја проширува неговата основа со вклучување на елементи не само од долењскиот ами и од горењскиот дијалект.[2] Од друга страна, Франчишек Метелко со својата позната граматика (Lehrgebäude der slowenischen Sprache, 1825) прави обид да ја стесни народната основа на литературниот јазик само на еден ограничен опсег на долењштината. Уште е поизразито во дивергентна смисла становиштето на Петер Дајнко, којшто исто издаде граматика (Lehrbuch der windischen Sprache, 1824), заснована на штаерското наречје и сметаше дека Словенците треба да пишуваат на три литературни јазици: крањскиот, корушкиот и источноштаерскиот.[2] Тоа негово становиште нашло извесен одглас меѓу неговите земјаци (во 1834 г. имало веќе околу 50.000 егземплари на книги пишувани на варијантата што ја предлагал Дајнко). Кон сите овие тенденции се придружуваше и настојувањето на некои луѓе, какви што беа Станко Враз, Урбан Јарник и Матија Мајар, да се прими програмата на Илирското движење. По сите овие колебања современиот литературен словенечки јазик се наложи со своите битни карактеристики во педесеттите години на минатиот век. Регионалната раздробеност, уште недоволната поврзаност на народната заедница беше во овој случај причина за ваквите разногласија во однос на изборот на литературниот јазик.[2]

Буква фонема македонска еквиваленција
A (a) /a/ А
B (b) /b/ Б
C (c) /ts/ Ц
Č (č) /tʃ/ Ч
D (d) /d/ Д
E (e) /e/, /ɛ/, /ə/ Е
F (f) /f/ Ф
G (g) /g/ Г
H (h) /x/ Х
I (i) /i/ И
J (j) /j/ Ј
K (k) /k/ К
L (l) /l/ Л
M (m) /m/ М
N (n) /n/ Н
O (o) /ɔ/, /o/ О
P (p) /p/ П
R (r) /r/ Р
S (s) /s/ С
Š (š) /ʃ/ Ш
T (t) /t/ Т
U (u) /u/ У
V (v) /ʋ/ В
Z (z) /z/ З
Ž (ž) /ʒ/ Ж
Словенечки јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Vsi ljudje se rodilo svobodni in imajo enako dostojanstvo in enake pravice. Obdarjeni so z razumom in vestjo in bi morali ravnati grug z grugim kakor bratje.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Самогласки

[уреди | уреди извор]

Согласки

[уреди | уреди извор]
  Билабијални Лабиодентални Дентални Алвеоларни Палато-алвеоларни Непчани Веларни
Носни m   n        
Експлозивни p b   t d       k ɡ
Африкативни       ts dz    
Фрикативни   f     s z ʃ ʒ   x  
Апроксимантни   ʋ   l   j  
Вевни       ɾ      

Граматика

[уреди | уреди извор]

Словенечкиот јазик има шест падежи: номинатив, акузатив, генетив, датив, локатив и инструментал. Не постои вокатив; таа улога ја има номинативот. Именките, придавките и заменките имаат три броја: еднина, двоина и множина.

Пример на деклинација на именката коњ:

Падеж Прашални зборови (Vprašalnice) Деклинација (Sklanjanje) (konj)
1. номинатив (imenovalnik) kdo ali kaj? кој или што? konj коњ(от)
2. генетив (rodilnik) koga ali česa? коњот или што? konja коњ(от)
3. датив (dajalnik) komu ali čemu? кому или на што? konju на коњ(от)
4. акузатив (tožilnik) koga ali kaj? кого или што? konja коњ(от)
5. локатив (mestnik) (o) kom ali (o) čem? за кого или за што? (o) konju за коњ(от)
6. инструментал (orodnik) (s) kom ali (s) čim? со кого или со што? (s) konjem со коњ(от)
  1. Bogo Grafenauer, Karantanija: izbrane razprave in članki (Ljubljana: Slovenska matica, 2000)
  2. 2,0 2,1 2,2 Конески 1968.

Литратура

[уреди | уреди извор]
  • Конески, Блаже (1968), Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици, „Култура“ - Скопје