Минстер
Минстер | ||
Воздушен поглед на Минстер | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
Адм. подрач. | Минстер | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 6 | |
Градоначалник | Маркус Леве (CDU) | |
Владејачка партија | ДХС | |
Основни податоци | ||
Површина | 302,89 км2 | |
Надм. височина | 60 м | |
Население | 322.904 (31 декември 2023)[1] | |
- Густина | 1.066 жит/км2 | |
Основано | 793 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | MS | |
Пошт. бр. | 48143–48167 | |
Повик. бр. | 0251 02501 (Hiltrup, Amelsbüren) 02506 (Wolbeck, Angelmodde) 02533 (Nienberge) 02534 (Roxel) 02536 (Albachten) | |
Портал | www.muenster.de | |
Координати | 51°58′N 7°38′E / 51.967° СГШ; 7.633° ИГД |
Минстер (германски: Münster) — град во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, Германија.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Градот Минстер е основан од страна на мисионерот Лудгер, кога Карло Велики го пратил да ги крсти Фризите и Саксонците. Во 793 г. Минстерската епископија во 799 г. ја прогласил папата Лав III, а Лудгер во 805 г.] бил првиот епископ. Минстер бил еден од водечките градови на Ханзеатскиот сојуз. За време на регормациите, во Минстер анабапистите ја презеле власта во побуна наречена Минстерско востание (1534-1535). Анабапистите по преземањето на власта ги запалиле сите книги, освен Библијата, но нивната власт траела само една година. Во Минстер и во Оснабрик во 1648 г. бил потпишан Вестфалскиот мир, со кој е ставено крај на триесетгодишната војна. Со Минстер и државата со векови владееле спископи сè до 1803 г. Тоа била најголемата црковна територија во Светото Римско Царство. Од 1815 до 1946 г. Мистер бил рпестолнина на пруската покраина Вестфалија. Во сојузничкото бомбардирање во 1944 и 1945 г. било уништено околу 63% од градот. Стариот град е униште во втората светска војна (91% од градот), но бил обновен во 1950-тите години.
Географски и демографски податоци
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на надморска височина од 60 метри. Површината на општината изнесува 302,9 км2. Во самиот град, според проценките од пописот од 2010 г. живееле 275.543 жители. Просечната густина на населението изнесува 910 жит/км2. Има регионална шифра(AGS) 5515000, NUTS (DEA33) и LOCODE (DE MSR) код.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Во Минстер денес постојат 8 универзитети и високи училишта, како и провинциски судови. Градот е познат и по големата употреба на велосипеди.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
- ↑ „Stadt Münster: Münster Marketing - Fahrradstadt“. www.stadt-muenster.de (германски). Посетено на 2021-06-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал ма Минстер (германски)
- Сојузен завод за статистика (германски)
- Стална конференција на градови и општини (германски)
- -{KommOn}- - Информациски систем на градови, општини и окрузи (германски)
- План на населението по мапи (-{Mapquest}-)
- Градски панорами
|
|