Википедија:Вовед — Википедија Прејди на содржината

Википедија:Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија
1. Вовед
4. Почетен курс

Што е Википедија?

Википедиите се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 147.611 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.

Можам ли и јас да пишувам на Википедија?

На врвот од секоја страница се наоѓа јазиче „уреди(зголеми)

Го гледате ли јазичето „Уреди“ на врвот од страницава? На Википедија можете веднаш да поправате грешки и да ги надополнувате статиите! Стискајќи го ова јазиче (наспроти јазичето „Читај“) Ви се отвора нов прозорец во кој можете да ја промените или дополните содржината на страницата.

Википедија претставува мрежно место наречено „вики“ — ова значи дека секој може да ја уредува нејзината содржина, а со тоа и Вие! Впрочем, потребна ни е Вашата помош. Дадете го својот придонес за подобрување на слободното знаење на македонски!

Зошто да не го пробате уредувањето уште сега?

  1. Стиснете овде за да го отворите „песокот“, страница на која можете да правите тест-уредувања (ако таму веќе има некој текст, само пишувајте на крајот од него);
  2. Внесете некаков текст;
  3. Стиснете на Преглед за да прегледате како ќе изгледаат промените, а потоа на Зачувај кога ќе бидете задоволни од изгледот и тие веднаш ќе се појават на страницата.